fbpx

Smart ја проширува понудата со мал електричен кросовер

Базиран на SAE платформата на Geely и дизајниран со помош на Mercedes, Smart најави дека започнува со производство на својот прв кросовер

Веќе некое време се најавува дека Smart ќе ја прошири својата понуда со лансирање на мал кросовер, а сега тие информации се и официјални откако од компанијата го најавија почетокот на производството. Новото возило на Smart ќе биде компактно и електрично и ќе биде создадено во соработка со Geely и Mercedes-Benz.

Оваа најава пристигна од Даниел Лескоу, потпретседателот на Smart за глобална продажба. Во оваа најава, тој го опишува новиот кросовер како „новата алфа во урбаната џунгла“.

Smart

Smart неодамна стана заеднички потфат на Geely и Mercedes-Benz. Тоа значи дека овој кросовер ќе биде базиран на неодамна претставената електрична SAE платформа на кинеската компанија. Платформата веќе се користи за голем број на Lynk & Co возила, како и на малиот Volvo автомобил кој допрва треба да биде претставен. Дизајнот и помошта околу поддршката ќе пристигне од втората матична компанија на Smart, Mercedes.

Целото возило ќе биде дизајнирано со фокус кон Кина, чиј пазар за електрични возила е голем, а побарувачката за кросовери расте. Лескоу ветува дека автомобилот исто така ќе биде дизајниран и ќе се продава и на европските пазари. За жал, засега нема голем број на детали достапни околу новиот кросовер на Smart.

Сепак, познато е дека Geely цели кон безбедносни стандарди од 5 ѕвездички и автономија на движење од околу 640 километри со својата SAE платформа. Компанијата исто така најави дека соработува со Mobileye со цел да се осигура дека ќе има напредни системи за асистенција на возачот, како и самовозачки способности.

„Не можам да ви опишам колку сум возбуден за ова возило. Ќе биде навистина исклучително – инстантно препознатливо како Smart, ултра-модерно, софистицирано и напредно возило кога станува збор за решенијата за поврзливост. Најважно од се, ќе ја поседува и ‘најпаметната’ од сите карактеристики – супер компактност на надворешноста и големина во внатрешноста“.

Поврзани вести

Back to top button