fbpx

Volkswagen e-Golf замина во историјата

Производството на Volkswagen e-Golf дојде до својот крај во фабриката во Дрезден, откако последниот примерок се симна од производствената лента

Електричниот Volkswagen e-Golf се произведуваше во фабриката во Дрезден од 2017 година, а германскиот производител создаде вкупно 145.561 примерок, вклучително и 95.160 примероци произведени во Волфсбург во периодот од 2014 до летото 2020 година. Но, на оваа приказна и дојде крајот, така што e-Golf заминува во историјата.

Почнувајќи од следната година, фабриката во Дрезден ќе биде подготвена за сериско производство на ID.3.

„Крајот на e-Golf исто така значи почеток на финалните подготовки за ID.3. За само неколку недели, ќе го отвориме новото поглавје за Transparent Factory во Дрездент. По Цвикау, ние сме втората локација во Европа која ќе произведува автомобили базирани на новиот модуларен e-drive систем.“, изјави шефот на фабриката во Дрезден, Дени Ауерсвалд.

Volkswagen e-Golf

Фабриката во Дрезден е отворена во 2001 година, а се користеше за производството на VW Phaeton во периодот меѓу 2001 и 2016. Вкупно 84.235 единици на седанот беа направени. Дополнителни 2.168 единици на Bentley Flying Spur исто така беа произведени во фабриката во 2005-2006 и 2013-2014, како и 50.401 единици на Volkswagen e-Golf, вклучително и последниот примерок кој е финиширан во Urano Grey боја.

Лансиран во 2014 и унапреден во 2017, Volkswagen e-Golf се одликуваше со автономија од 231 километар според WLTP циклусот. Батеријата од 35,9 kWh го напојуваше електромоторот кој испорачуваше 134 КС.

 

Поврзани вести

Back to top button