Toyota го претстави C+pod, мини електричното возило
Toyota прикажа ново решение за урбано електрично возило во Јапонија кое го носи името C+pod, кое за индивидуалните купувачи ќе биде достапно од 2022
Минијатурното електрично возило на Toyota, кое е претставено под името C+pod, за свој таргет ги има корпоративните корисници, локалните власти и други организации, додека индивидуалните купувачи ќе можат да го добијат од 2022 година. Моделот беше најавен минатата година како Ultra Compact BEV Concept, а користи мал електромотор прикажен на задниот дел кој ги придвижува задните тркала, со максимална моќност од 12,5 КС и 56 Nm вртежен момент, со што се овозможува забрзување до 60 километри на час.
За напојување на електромоторот е задолжена 9.06 kWh батеријата позиционирана под подот и истата овозможува автономија на движење од 150 километри според WLTC циклусот и потребни се околу 5 часа за да се наполни на 200V полнач, или околу 16 часа на полнач од 100V.
Интересно, панелите од екстериерот се направени од пластика со цел да се намали вкупната тежина на возилото. Малото електрично возило е достапно во пет различни двобојни комбинации, вклучително Cyan Metallic и Orange Metallic, како и три различни тробојни комбинации.
Две варијанти и богата опрема
Малиот Toyota C+pod е долг 2.490 милиметри, има ширина од 1.290 милиметри и висок е 1.550 милиметри. Меѓуосовинското растојание е 1.780 милиметри. Максималниот клиренс изнесува 145 милиметри, а тежината изнесува 670 килограми во базичната X варијанта, односно 20 килограми повеќе во G.
Возилото нуди простор за двајца патници со додатоци како што се клима-уред, греење на седиштата, електронски подесиви ретровизори, централно заклучување и дигитален инструмент кластер поставен на средината од контролната табла.
И покрај базичниот изглед, C+pod се нуди со низа системи за асистенција и безбедност, како што е предупредување за судир, со дневна и ноќна детекција на возила и пешаци и дневна детекција на велосипедисти. Тука е и интелигентниот клиренс сонар со сопирачки за поддршка при паркирањето. Исто така пристигнува со LED предни и задни светла.
Toyota C+pod веќе е лансиран во Јапонија на 25 декември, а почетната цена изнесува 15.908 долари за Х, односно 16.544 долари за G верзијата.