fbpx

Познати финалистите за Автомобил на годината во Европа за 2018

Организаторите на конкурсот, односно жирито составено од специјализирани новинари, Еuropean Car of the Year (Автомобил на годината во Европа) за 2018 дојдоа до последната завршна фаза, односно ги соопштија „седумината величествени“ кој ќе се борат за престижната титула

Автомобил на годината во Европа за 2018 дојдоа до последната завршна фаза, односно ги соопштија „седумината величествени“. Според традиција, која се следи веќе со децении, во финалниот дел секогаш има седум модели, кои беа избрани од пошироката листа која беше понудена кон средината на годината, а се најдоа 37 модели кои беа претставени на најмалку пет пазари на Стариот континент. Победникот ќе биде познат во март следната година, а признанието традиционално (веќе неколку години наназад) ќе му биде доделено на стартот на салонот за автомобили во Женева.

Во гласањето учествуваат вкупно 60 новинари од 23 европски земји. Тие им доделуваат поени на кандидатите согласно утврдените критериуми.

Еве ги финалистите:

 

Изминатата година експертите го избраа Peugeot 3008, кој освои 319 поени. Францускиот кросовер беше поуспешен од Alfa Romeo Giulia (296) и Mercedes-Benz E-класа (197).

Поврзани вести

Back to top button