fbpx

Зошто McLaren упорно одбива да прави SUV модели?

SUV моделите уживаат огромна популарност, поради што и голем број на производители на традиционални спортски автомобили влегоа во овој сегмент, но не и McLaren

Производителите се повеќе се насочуваат кон SUV/кросовер сегментот. Оние брендови за масовно производство веќе имаат по неколку понуди во својот опсег, па дури и традиционалните производители на спортски и перформансни автомобили капитулираа и беа принудени да влезат во овој сегмент. Aston Martin го има DBX, Bentley и Porsche веќе подолго време се во игра, Lamborghini доживеа неверојатен успех со Urus, наскоро и Ferrari ќе го претстави својот SUV модел, но McLaren одбива да „влезе во шемата“.

McLaren SUV

За оваа, но и за други теми зборуваше Мајк Флуит, извршниот директор на McLaren. Инаку, Флуит е еден од ретките извршни директори во автомобилската индустрија кој има таква поврзаност со купувачите како него. Најголемиот дел од нив ја имаат и неговата имејл адреса, а тој одвојува време да им одговори на сите барања и прашања. Едно од најчестите барања е McLaren да не произведува премногу автомобили. Конкретно, купувачите не сакаат McLaren SUV.

„Тоа е прашање кое го добивам на некои пазари: ‘Ќе понудите ли еден SUV?’, или пак: ‘Момци, кога да очекуваме електричен автомобил?’ Мојот одговор е не, нема“, вели Флуит и додава:

„Некогаш се прашувам дали луѓето мислат дека сме конзервативни или амбициозни со она што го направивме со McLaren, бидејќи направивме многу за осум години. Остануваме верни и автентични на производството на суперавтомобили“.

Оваа порака влијае и на тоа како McLaren ги планира своите погони исто така. Иако брендот планира нова plug-in хибридна шасија, сепак нема да произведува електричен автомобил во брзо време.

„Нашиот бренд е сосема насочен кон мотоспортот, суперавтомобилите и возачките автомобили. Се уште е рано да го прошириме брендот во други сфери и да се обидуваме да му даваме бренд кредибилитет на производ кој јасно нема ништо со нашата историја“.

Компанијата ќе се насочи на хибридните автомобили во блиска иднина.

„По 2022 или 2023 не можам да замислам дека ќе претставиме некое возило кое ќе нема хибридна технологија. Успеавме да ја искористиме технологијата за да направиме повозбудлив автомобил со подобри атрибути“, изјави Флуит.

За хибридниот погон на McLaren ќе дознаеме повеќе кога компанијата ќе го претстави моделот Artura во 2021.

Поврзани вести

Back to top button