fbpx

За сите други е криза, а Bentley руши рекорди

Британскиот бренд Bentley успеа да го сруши сопствениот продажен рекорд во 2020 година и покрај тоа што условите на пазарот беа катастрофални

2020 година беше исклучително тешка за целата автомобилска индустрија. Падот на продажбата на нови возила беше драстичен, голем број производители се соочија со катастрофални продажни бројки, а сето тоа поради пандемијата на коронавирусот. Но, глобалната пандемија воопшто не беше проблем за британскиот производител Bentley, кој во изминатата 2020 ја оствари својата најдобра продажба во историјата.

Имено, Bentley во 2020 година испорачал 2 проценти повеќе возила отколку во 2019 година и забележал вкупно 11.206 новорегистрирани возила. Можеби годината ќе беше и уште подобра за британската марка ако нивната фабрика не беше затворена во март поради епидемијата на коронавирусот, а потоа девет недели овој погон работеше со само 50 проценти од својот капацитет.

Американскиот пазар и овој пат се покажа како клучен за Bentley, но растот на продажбата од цели 48 проценти во Кина беше клучниот фактор за постигнување на вака добар продажен резултат. Во Европа, како и сите, така и Bentley, забележа пад на продажбата од 18 проценти.

Секако, како што можеше да се очекува и претпостави, најпопуларен модел на британскиот производител е SUV моделот Bentayga, за кој се одлучиле дури 38 проценти од купувачите кои се подновиле со Bentley во 2020 година. Двете варијанти на Continental GT има вкупно учество во продажбата со 39 проценти. Челниците на британскиот производител истакнуваат и дека Flying Spur наишол на одличен одзив на кинескиот пазар.

Bentley претходно најави дека до 2030 година ќе ги напушти конвенционалните мотори и ќе се насочи исклучиво на електрични автомобили. Треба да се додаде и тоа дека во следниот период Bentley ќе биде под управа на Audi, по одлука на Volkswagen групацијата.

Поврзани вести

Back to top button