fbpx

Toyota e 20 години лидер во хибридната технологија

Од првата генерација на Prius, која е достапна на пазарот од октомври 1997 година и е првиот масовно произведен хибриден електричен автомобил минаа две децении

Денес две децении потоа, јапонскиот гигант е вистински лидер на ова поле со огромна палета на хибриди во гамата.

„Во текот на последните 20 години, работите се променија – од начинот на кој комуницираме се до аспектот од кој ние го гледаме светот околу нас. Во 1997 година, Toyota го претстави симболичниот Prius, кој го смени начинот на кој ги прифаќаме возилата. Тоа беше првиот електромобил што ја најави првата хибридна технологија во своето срце.

Денес, 20 години подоцна, ние продолжуваме да развиваме и да ја подобруваме хибридната технологија, која веќе е достапна во поголемиот дел од нашите модели и не радува фактот што над 10 милиони возачи низ целиот свет се одлучиле за ваков вид на возило“, истакнуваат од Toyota.
Prius
За да се одбележи 20-годишнината на хибридното лидерство, оддадена е голема почит на легендарниот Toyota Prius – автомобилот кој ја започна хибридниот револуција. Заедно со водечките светски астрофизичари, Prius доби место меѓу ѕвездите. Создадено од 100 ѕвезди, крстени по имињата на историски, концептни и сегашни модели на Toyota, соѕвездието Prius може да се види од секое место во северната хемисфера за идните генерации.
Prius
За да се вклучите во свеченостите по повод 20 години Toyota Hybrid и да го видите сами соѕвездието Prius посетете го www.priusconstellation.com.

Поврзани вести

Back to top button