Peugeot e-2008 се закити со Argus Trophy за најдобар електричен SUV
Електричниот кросовер на Peugeot, моделот e-2008, се закити со наградата Argus Trophy 2021 во категоријата за електричен SUV
Годинешното издание на „Argus Trophies“, се одржа во дигитален формат поради веќе познатата ситуација со пандемијата. Домаќин на настанот беше Маргот Лафит, а меѓу лауреатите доминираа електричните возила, додека Peugeot e-2008 успеа да се закити со наградата Argus Trophy во категоријата електричен SUV.
Со ова продолжува традицијата на Peugeot на „Argus Trophies“, каде и во претходните години забележуваше успеси со Peugeot 208 кој ја освои наградата Argus Car во 2020, како и 508 кој ја освои наградатa Argus Car во 2019. Peugeot исто така, освои награди во многу други категории.
Оваа награда ја додели жири составено од 18 стручни новинари во категориите „Rating“ и „Argus“. Рангирањето се одредува според следниве критериуми: нова набавна цена, преостаната вредност, потрошувачка и услуги при употреба (квалитет, комфор, задоволство при возење и дизајн).
Peugeot e-2008 триумфираше пред Audi e-tron Sportback, Mazda MX-30 и Volvo XC40 P8.
Во ерата на енергетската транзиција, триумфот на Peugeot e-2008 со наградата за електричен SUV за 2021 година претставува особена чест за брендот. Peugeot 2008 се истакнува во компактниот SUV сегмент, со посебно докажување во дизајнот и истакнување преку иновации и технологија.
Овој прв електричен Peugeot SUV го отвора патот кон новиот свет на сензации. 100% електричен, возачот ќе ужива во висок степен на функционалност во возило кое е потполно тивко и без вибрации. Од неопходните елементи кои го обележуваат брендот Peugeot, посебен акцент е ставен на динамичното однесување на новиот SUV Peugeot e-2008, обезбедувајќи уникатно чувство и задоволство при возење, во споредба со бензинските и дизел верзиите.