fbpx

Автомобилскиот пазар опаднал за 23,8 проценти во Европа во 2020

Европскиот автомобилски пазар во 2020 година забележал пад од 23,8 проценти во 2020 година, најмногу поради пандемијата на коронавирусот

Пандемијата на Ковид-19 и зададе сериозен удар на автомобилската индустрија и тоа не е нешто што е непознато. Карантините и затворањата на фабриките сериозно влијаеја на продажбата, а според порталот focus2move, продажбата на нови автомобили во Европа во 2020 година забележала пад од 23,8 проценти во однос на 2019 година.

Импактот на коронавирусот врз продажбата несомнено е огромен. Во последните години пазарот се опоравуваше по падот кој беше предизвикан од финансиската криза во 2008-2009. Во последните шест години, продажбата се зголеми значително, а бројките беа речиси на нивото од пред кризата.

Сепак, работите драстично се променија минатата година. По почетокот на годината со еден мал негативен тренд и пад од само 7,8 проценти, пазарот колабираше во март кога пандемијата направи пустош и беше забележан пад од енормни 50,8 проценти. Но, најголемиот пад во проджабата во 2020 година беше во април, кога беше забележан пад од 77,1 процент со оглед на тоа дека најголемиот дел од земјите во ЕУ започнаа со карантини и рестрикции.

Благодарение на стимулацијата од ЕУ, пазарот почна да се опоравува навистина брзо, достигнувајќи само -4,3 проценти во јули. Единствениот позитивен месец за целата 2020 година беше септември кога пазарот остана „рамен“ (+0,6 проценти). Во втората половина од годината, само во два наврати беше забележан двоцифрен пад – во август (-17,5%) и ноември (-12,9%).

Вкупната продажба на нови автомобили во 2020 година изнесуваше 12.206.559 возила, што е пад од 23,8 проценти во споредба со 2019 година.

Земја со најдобри „перформанси“ во Европа во 2020 година е Шведска, која забележа пад од „само“ 18,5 проценти, а Германија – најголемиот европски пазар – заврши на второто место губејќи 18,9 проценти. Франција загуби 25,5 проценти, а Италија 28,2 проценти. Од друга страна, Шпанија забележа најголем пад во продажбата со загуба од 30,6 проценти, а блиску е и Велика Британија со 29,2 проценти.

Поврзани вести

Back to top button