fbpx

BMW му објави војна на Volvo

Овој пат, Бавaрците удирија на Швеѓаните од Volvo, ставајќи рекламни билборди на неколку локации во Гетеборг

BMW повторно се фрли на „рекламни војна”. Овој пат, Бавaрците удирија на Швеѓаните од Volvo, ставајќи рекламни билборди на неколку локации во Гетеборг. Само како потсетување ова е родниот град на Volvo.
На билбордот е прикажан спортскиот седан BMW M5, а на натписот стои:

„Брзиот автомобил составен во Гетеборг”.

Volvo

До него е логото на видео-играта Need for Speed Payback. Постои уште еден натпис кој ги повикува оние кои сакаат да се „прошетаат“ со спортскиот модел, но на виртуелни патишта во видео играта. Всушност, BMW не произведува ништо во земјата – не само во Гетеборг, туку и низ цела Шведска.

Volvo

Во градот, покрај седиштето на Volvo, е и седиштето на компанијата, која ја создаде играта Need For Speed Payback. Меѓутоа, Баварците често користат слични техники, но досега беа насочени главно кон големите германски ривали Audi и Mercedes.

Поврзани вести

Back to top button