НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

BMW инвестира 200 милиони евра во развој на нови батерии

BMW ќе инвестира 200 милиони евра во развојот на нови технологии за електрични возила што баварската компанија планира да ги пушти во продажба во блиска иднина

Инвестицијата е предвидена за следните 4 години и дел од планот на BMW да ја електрифицира целата гама до 2025 и да понуди 12 целосно електрични и уште 13 plug-in хибридни модели. BMW е една од компаниите кои уште од многу порано се насочи кон електрифицирање на палетата, а доказ за тоа се i3 и серијата хибриди на баварците. За првите 10 месеци од годината, компанијата објави дека се реализирани 78.000 продажби на електрични возила.

Главниот дел од инвестицијата на BMW е за новиот батериски центар во Минхен, кој треба да почне со работа на почетокот на 2019 година.

Таму ќе се испитуваат хемиските реакции во ќелиите на батериите, а во центарот се наоѓаат 200 нови работни места. Компанијата исто така најави дека ја развива петтата генерација на електрични погонски системи, кои мора да бидат достапни во 2021 година. Со нив, како и новите батерии што треба да се развиваат, опсегот на електричните возила на BMW треба да изнесува 700 километри со едно полнење.
BMW

Клучни зборови

Поврзани вести

Close