Lancia Ypsilon доби ново освежување
Малиот градски автомобил Lancia Ypsilon упорно одбива да замине во пензија, а италијанскиот бренд продолжува да живее преку новиот фејслифт на својот единствен модел
Lancia го прикажа освежениот Ypsilon кој веднаш и на прв поглед делува препознатливо. Моделот се одликува со ревидирана решетка од ладилникот со вертикални акценти и поистакнати сатенска хромирана рамка. Од двете страни на решетката се наоѓаат унапредените фарови со LED дневни светла.
Останатите промени се делумно лимитирани, но Ypsilon добива и долен отвор за воздух и ревидирана палета на бои, која сега вклучува и нова Elegant Blue опција која се смета за своевидна реинтерпретација на Lancia Blue.
Скромните промени продолжуваат и во кабината со оглед на тоа дека купувачите ќе се сретнат со нов 7-инчен инфозабавен систем со Android Auto и Apple CarPlay компатибилност. Моделот исто така се карактеризира и со нов стандарден филтер за воздух во кабината кој успева да „пресретне“ 99 проценти од алергените и ја намалува профилтерацијата на муфла и бактерии од над 98 проценти.
Под хаубата тука е и ревидираната моторна постава која се карактеризира со помала емисија. Од компанијата не откриваат многу детали за промените, но тука е 1,2-литарската единица која испорачува 69 КС и 102 Nm максимален вртежен момент. Купувачите исто така можат да се одлучат и за 0,9-литарскиот мотор со 85 КС и 145 Nm максимален вртежен момент.
На крајот, тука е и хибридниот погон кој содржи 1,0-литарски трицилиндерски бензински мотор, електромотор и литиум-јонска батерија. Оваа поставка испорачува 70 КС и 92 Nm максимален вртежен момент, благодарение на кој Ypsilon од нула до „стотка“ може да стигне за 14,2 секунди.
Цените стартуваат од 15.100 евра и достигнува до 16.700 евра за Ypsilon Gold.