fbpx

Без Германци во Автомобилот на годината во Северна Америка за 2018

Организаторите на изборот за Северноамерикански автомобил на годината за 2018 ги објавија деветте модели кои ќе се борат за титулата во трите категории

Организаторите на изборот за Северноамерикански автомобил на годината (North American Car, Utility and Truck of the Year, NACTOY) за 2018 ги објавија деветте модели кои ќе се борат за титулата во трите категории.

Северноамерикански автомобил на годината

Интересен податок е што меѓу финалистите нема ниту едно германски предлог, иако Audi, BMW, Porsche и Volkswagen учествуваа во прелиминарната селекција со A5 Sportback, BMW 5 и X3, Panamera, Atlas и Tiguan. Финалисти во категоријата најдобар автомобил се: Honda Accord, Kia Stinger и Тoyota Camry, кај кросоверите и миниваните ќе се бира меѓу: Alfa Romeo Stelvio, Honda Odyssey и Volvo XC 60, а носителот на титулата најдобар пикап и теренец треба да се бара меѓу: Chevrolet Colorado ZR2, Ford Expedition и Lincoln Navigator.

Северноамерикански автомобил на годината

Северноамерикански автомобил на годината

Победниците во категориите ќе бидат објавени на 15 јануари 2018 година за време на автосалонот во Детроит. Во минатогодишното издание на конкурсот Северноамерикански автомобил на годината титулите ги освоија Chevrolet Bolt, Chrysler Pacifica и Honda Ridgeline.

Поврзани вести

Back to top button