fbpx

Светски рекорд- нов бренд продаде 6.000 автомобили за 137 секунди

Компанијата Lynk & Co, основана од концернот Geely, на која и припаѓа и Volvo, започнаа со продажбата на својот прв модел - кросоверот 01

Првично возилото ќе се нуди само преку интернет, истакнува весникот Autocar, а потоа и во продажни салони.

Цените на автомобилот стартуваат од 170.000 јуани (21.765 евра), а почетокот на продажбата постави и нов рекорд. Само за првите 137 секунди по лансирањето на возилото на сајтот на Lynk & Co, од него беа откупени 6.000 примероци.

Lynk

Кросоверот Lynk & Co 01 беше прикажан во 2016 година, само неколку месеци по создавањето на самата компанија. Во прво време моделите на марката ќе се продаваат само во Кина, но амбициите се продажбата да се прошири во Северна Америка и Европа. Моделот 01, како и другите возила на Lynk & Co, е изграден на новата компактна платформа CMA. Таа е развиена од фирмата CEVT, заедничко вложување на Volvo и Geely. Засега кросоверот се нуди само со бензински 2.0-литарски турбомотор со 190 КС, кој е комбиниран со 7-степен роботизиран менувач.

Lynk

Следната година ќе излезе и верзијата со 3-цилиндерски турбодвигател со зафатнина од 1,5 литри, кој ќе развива 179 КС. Интересно е дека компанијата е подготвена да им обезбеди на клиентите доживотна гаранција на своите автомобили. Освен тоа Lynk & Co ќе обезбеди на купувачите слободен и безлимитен пристап до Интернет.

Поврзани вести

Back to top button