fbpx

Geely ги финансира новите Lotus зафати

Неодамна, кинескиот производител на автомобили Geely, обезбеди контрола врз малезискиот Proton, како и на Lotus како дел од него, бидејќи британската спортска икона западна во сериозна финансиска криза

Со преземање на работите од страна на кинезите, работите добиваат поинакви димензии.

Шефот на Lotus, Жан-Марк Галес објави дека е исклучително задоволен од првите контакти со Кинезите и потврди дека тие планираат да го применат во Lotus рецептот што им донесе толку успеси со Volvo – да ги задржат вредностите на брендот и да не се мешаат во работата на инженерите и дизајнерите. Догодина Lotus ќе го претстави деталниот план за развој во следната деценија, а првиот целосно нов модел на марката ќе се појави во 2020. Во моментов Lotus произведува три модели – Elise, Exige и Evora, а најновиот од нив е стар 8 години .

Lotus

Lotus Evora 400

Новите модели ќе се разликуваат сериозно од сегашните во однос на дизајнот, но ќе ја задржат формулата, карактеристична за сите автомобили на марката: мала тежина, добра аеродинамика и одлична управливост. За идните модели на брендот, исто така, се најавуваат електрични верзии, но сепак нема конкретни информации. Покрај спортските модели, Lotus ќе започне развој и на кросовер што треба да се појави во 2021 година.

Geely

Според Галлс, овој модел ќе биде помал и поширок од неговите директни ривали и се разбира многу полесен од останатите модели во класата. Во следните 2-3 години, планот е едноставен – сегашните модели ќе добијат нови специјални и финални верзии, а годишното производство треба да oстане на ниво од 1.500-1.600 единици.

Поврзани вести

Back to top button