fbpx

Електричните возила направија бум во Европа

Електричните возила се иднината на автомобилската индустрија, нивната популарност од година во година е се поголема, а доказ за тоа се и продажните резултати во Европа

Во Европа во текот на претходната година биле продадени повеќе од милион батериски возила, а тука се вклучени plug-in хибридите и целосно електричните возила. Имено, на Стариот континент во 2020 година биле испорачани 9,9 милиони нови автомобили, што е за 24 проценти помалку во однос на 2019, а причина за тоа се глобалните карантини и прекинот на производството поради пандемијата на коронавирусот. Благодарение на сето ова, батериските возила (електричните и plug-in хибридите) успеаја да забележат учество во продажбата на европскиот пазар од 11 проценти.

Volvo XC40 T5 Twin Engine

Конкретно, 1.046.000 електрични и plug-in хибридни автомобили завршиле кај европските купувачи, а тоа е драстичен раст од само 387.808 продадени вакви модели во 2019 година. Во 2020 година, продадени се 538.772 целосно електрични возила, наспроти 248.000 во 2019 година, додека plug-in хибридните возила забележале 507.059 нови регистрации во 2020, што е раст од 262 проценти во однос на една година претходно.

Причини за ваков раст има повеќе, а најмногу предничат сериозните државни субвенции за купување на електрични и електфицирани возила. Во Германија, на пример, во некои региони субвенциите можат да достигнат и до 10.000 евра при купување на нов батериски автомобил. Но, тука се и другите привилегии како што се бесплатните јавни полначи, бесплатниот паркинг, но и можноста да се влегува во деловите од градовите каде што се забранети конвенционалните возила.

Секако, свој придонес има и фактот што на пазарот има се повеќе и повеќе електрични и plug-in хибридни возила, а тоа доведува до поголема конкуренција и подобар избор. Интересно, претходната година дојде до голем раст на продажбата и на класичните хибридни возила, со оглед на тоа дека во Европа се продадени 1,18 милиони вакви возила, со раст на продажбата од 59 проценти.

Поврзани вести

Back to top button