fbpx

Lotus лансира последни верзии на Elise и Exige

Откако официјално потврди дека моделите Elise и Exige ќе излезат од производство оваа година, Lotus подготви специјална едиција за своите легендарни автомобили

Lotus официјално потврди пред извесно време дека двата веќе легендарни модели на компанијата, Elise и Exige, официјално ќе престанат да се произведуваат. За таа цел, британскиот производител реши да подготви специјална верзија наречена Final Edition. Lotus е бренд кој веројатно најдобро од сите знае како да „изигра“ на картата за правење специјални едиции, а со оглед на тоа дека свои два славни модели испраќа во пензија, не треба да биде изненадување што пристигнува посебна едиција за нив.

Имено, Lotus ќе победи пет Final Edition варијанти, две за Elise и три за Exige. Сите тие ќе бидат во ограничен број и ќе се карактеризираат со уникатни бои, нови додатоци на екстериерот, нови финиши на тркалата и нови тримови. Дигиталниот инструмент кластер тука ќе биде поставен како стандарден, потоа новиот управувач со рамно дно, како и најновиот мануелен менувач.

Lotus Exige Elise

Elise Final Edition

Lotus Elise Final Edition оддава почит на 25 години долгата кариера на легендарниот британски „роудстер“. Elise Sport 240 Final Edition се напојува со 1,8-литарски четирицилиндерски мотор од Toyota кој испорачува 240 КС и 244 Nm максимален вртежен момент, што се дополнителни 23 КС во однос на Sport 220 благодарение на ревидираната калибрација. Спринтот од 0 до 60 милји на час се достигнува 4,1 секунда.

Lotus Exige Elise

Меѓу останатите ревизии тука се заштедата на тежина што се достигнува со опционалните карбонски панели, покривачот на моторот, литиум-јонската батерија и поликарбонатскиот прозорец на задниот дел. Со сите овие опции, Lotus Elise Sport 240 достигнува тежина од 898 килограми, што е 24 килограми помалку во однос на претходно.

Lotus Exige Elise

Доколkу сте заинтересирани за Elise со уште поостар изглед, Lotus исто така го нуди и Elise Cup 250 Final Edition. Тука разликите најмногу се однесуваат на аеродинамиката, со тоа што Cup моделот добива многу поагресивен аеро кит, овозможувајќи 66 килограми потисна сила при 160 километри на час, како и 155 килограми потисна сила при максималната брзина од 248 километри на час. Освен тоа, Elise Cup 250 Final Edition исто така добива и Bilstein Sport амортизери, антирол барови и ултра лесни тркала, со што тежината достигнува 931 килограми кога сите карбонски опции се избрани.

Lotus Exige Elise

Exige Final Edition

Lotus Exige се простува со три Final Edition модели – Sport 390, Sport 420 и Cup 430. Новиот Exige 390 го заменува Sport 350 и се карактеризира со ревидиран 3,5-литарски V6 кој испорачува 397 КС, 47 повеќе од претходно благодарение на новата калибрација. Благодарение на ова, може да достигне максимална брзина од 276 километри на час.

Lotus Exige Elise

Exige Sport 420 Final Edition нуди 420 КС и 427 Nm максимален вртежен момент, 10 КС повеќе од Sport 410 кој е во заминување и е најбрзиот Exige во поставата со 289 километри на час максимална брзина.

Новиот Lotus Exige Cup 430 Final Edition останува знаменосец во поставата, нудејќи 430 КС од својот V6 мотор и го добива најагресивниот аеро кит од сите модели. Lotus тврди дека Exige Cup 430 може да произведе до 171 килограми потисна сила и максимална брзина од 280 километри на час.

Lotus Exige Elise

Секој Exige Cup 420 е опремен со мотоспорт карбонски панели, вклучително и предниот сплитер, предниот пристапен панел, покривот, поголеми отвори за воздух на страните и тркачкиот заден спојлер, меѓу другото.

Поврзани вести

Back to top button