fbpx

Ford го претстави S-Max Hybrid

Ford S-Max миниванот е доста популарен во Европа, а американскиот производител нема намера да се откаже од него, за што сведочи и неговата електрификација

Миниванот на Ford, моделот S-Max, доби свое освежување во октомври 2019 година, а сега го добива веројатно и најважниот додаток во моторниот опсег во форма на хибриден погон. Ford S-Max Hybrid е првата електрифицирана верзија во историјата на поставата на овој модел и веќе делува доста ветувачки.

Под хаубата, S-Max Hybrid кој пристигнува во конфигурација со пет или седум седишта, добива 2,5-литарски бензински мотор со Аткинсонов циклус кој е поддржан од мал електромотор, 1,1 kWh литиум-јонска батерија и најновата генерација на power-split трансмисија на компанијата. Сето ова резултира со 190 КС моќност и просечна потрошувачка од 6,4 литри на 100 километри. Соодветната CO2 емисија изнесува 146-147 грами по километар според европскиот WLTP стандард.

S-Max Hybrid

Со оглед на големината на S-Max, спринтот од нула до „стотка“ за 9,8 секунди не треба воопшто да биде изненадување. Можеби не станува збор за најбрзото возило на патиштата, но Ford ветува „мазно и линеарно забрзување“ кое се комплементира со „наследниот спортски карактер“ на S-Max.

„Од спортско возачко искуство до седишта кои се преклопуваат со допир на едно копче, иновациите кои совршено се вклопуваат во семејниот живот отсекогаш имале голем удел во привлечноста на S-Max. Со тоа, ефикасниот и облагороден нов хибриден погон е природен додаток во поставата“, велат од Ford.

S-Max Hybrid

Galaxy миниванот, попрактичниот „брат“ на S-Max, исто така го добива истиот електрифициран погон. Малку е побавен кога станува збор за забрзувањето, но нуди уште поголем простор во багажникот во конфигурација со пет или седум седишта. Дури и кога сите седум седишта се поставени, добивате 300 литри багажен простор. Кога ќе го спуштите вториот и третиот ред седишта, добивате џиновски 2,339 литри простор на располагање.

Поврзани вести

Back to top button