fbpx

Jaguar XE SV Project 8: Седан над седаните

Jaguar објави дека за време на тестовите на легендарната патека Нирбургринг, со својот претставник на XE SV Project 8 регистрирале ново најдобро време за еден седан

Најекстремниот идеен предлог во портфолиото на брендот имаше достигнување од 7 минути и 23 секунди или цели 11 секунди побрзо во споредба со претходното најдобро време. Целосно новата специјална XE SV Project 8 развиена на одделот Special Vehicle Operations (SVO) ќе биде произведена во лимитирана серија од само 300 возила и ветува дека ќе им понуди на идните сопственици едно од најдинамичните искуства на патот.

Суперспортскиот автомобил на Jaguar има 5.0 V8 мотор, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 600 коњски сили во комбинација со оптимизирана аеродинамика, спортска суспензија со можност за рачна конфигурација и посебен режим за управување на патеката, титаниум издувниот систем и погонот на четири тркала, може да се забрза од 0 до 96 km/h за 3,3 секунди и да развие максимална брзина од 200 милји на час или 320 km/h.

XE SV Project 8

Со базна цена за Велика Британија од 149.995 фунти, рачно составениот Jaguar XE SV Project 8 доаѓа во четири верзии, како и во посебна изведба Track Pack со две тркачки седишта и roll-bar. Секој еден од автомобилите ќе биде со карбонски преден браник и капак на моторот, со 20-инчни тркала, прилагодлив преден сплитер, целосно рамен под, карбонски задни браници, заден дифузер, прилагодлив заден спојлер…

XE SV Project 8

Поврзани вести

Back to top button