fbpx

Лос Анџелес 2017: Производител на космичка опрема со суперхибрид

Компанијата Aria Group, специјализирана во развој на опрема за воздухопловната индустрија се претстави на салонот во Лос Анџелес со својата хибридна супер изведба Aria FXE

Компанијата Aria Group, која е специјализирана во развој на опрема за воздухопловната индустрија и создава прототипови за најголемите производители се претстави на салонот во Лос Анџелес со својата хибридна супер изведба Aria FXE. Таа ќе се појави во мала серија во 2019 година.

Aria Group

Aria FXE

Во сржта на Aria FXE е монокок направен од јаглеродни влакна. Јаглеродот се користи и во структурата на шасијата, која е создадена според сосема нова технологија за која Aria Group има свој патент. Каросеријата на автомобилот е исто така направена од јаглерод, од кои повеќето елементи се направени со помош на 3D печатач.

Aria Group

Стандардната верзија на supercar изведбата ќе добие 6.2- литарски V8 мотор со механички компресор. Моќноста на моторот е 720 КС, а тој ќе се комбинира со 7- степен роботизиран менувач со две спојки и можност за менување на брзините од управувачот. Топ варијантата ќе се потпира на истиот бензински мотор, кој се напојува дополнително со два индукциски мотори со вкупна моќност од 540 КС и батерија со капацитет од 10 kW/h. Хибридната единица во овој случај има 1.150 КС и 1.784 Nm вртежен момент.

Aria Group

Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,1 секунда, а максималната брзина е 354 km/h. Претходното искуство на Aria Group со производството на автомобилот беше во 2016 година. Компанијата покажа купе, со средишно поставен мотор, наречено Fast Fredy. Тој доби 6.2-литарски V8 мотор од Chevrolet Corvette, развивајќи 650 КС и 6- брзински роботизиран менувач со две спојки. Компанијата дури објави дека ќе го прави автомобилот во мала серија, но тоа не се случи.

Поврзани вести

Back to top button