Викенд тарифа: Моќна драг трка меѓу AMG A 45 S, Alpine A110 S и BMW M2 CS
Mercedes-AMG A 45 S е кралот на хот хечовите кога станува збор за забрзувањето, но дали BMW M2 CS и Alpine A110 S можат да го предизвикаат во драг трка
Интересна драг трка ни пристигнува за овој викенд, а во главна улога се вечните ривали BMW и Mercedes со AMG A 45 S и M2 CS, но им се приклучува и Alpine A110 S кој е спортски автомобил, а не хот хеч како конкурентите во оваа драг трка.
Кога станува збор за спецификациите, Mercedes-AMG A 45 S се напојува со 2,0-литарски четирицилндерски мотор кој испорчаува 421 КС и погон на сите четири тркала. BMW M2 CS е најмоќниот во ова друштво благодарение на 3,0-литарскиот битурбо шестцилиндерски мотор со 444 КС и 550 Nm вртежен момент. На крајот, тука е Alpine A110 S кој се напојува со компактен 1,8-литарски четирицилиндерски кој испорачува 292 КС и погон на задните тркала. Можеби има најмала моќност, но е далеку полесен од своите конкуренти.