fbpx

Лос Анџелес 2017: Електромобил на три тркала за 10.000 долари?

Калифорниската компанија Sondors сака да направи решавачки чекор кон понудата на евтини електрични возила и на салонот во Лос Анџелес го претстави својот прототип- Sondors Model на три тркала

Според компанијата овој електромобил и ќе чини 10.000 долари.

Компанијата Sondors го носи името на основачот Сторм Сондерс, кој започна со овој бизнис во 2015 година, кога доби 6 милиони долари за финансирање на планираното производство на електрични велосипеди. Две години подоцна палетата на електрични велосипеди на Sondors вклучува шест модели, а најевтиниот чини 499 долари и се нуди со електромотор со моќност од 350 вати и литиум-јонска батерија со капацитет од 8,7 амперчаса.

Sondors

Sondors Model е опција на три тркала, електромобил, чија сериска верзија ќе се нуди со три различни батерии, кои ќе обезбедуваат автономија од 120, 240 и 320 километри со едно полнење. Компанијата потврди дека сериската верзија ќе може да се полни од мрежата за домаќинство. Се уште има многу малку информации за идниот модел, но Сторм Сондерс објави дека забрзувањето од 0 до 96 km/h ќе биде за 5 секунди и сопственикот на електричниот автомобил ќе може да користи сопствен таблет или паметен телефон наместо инструмент-табла на автомобилот.

Sondors

Развојот на Sondors Model траеше 7 месеци, а основачот на компанијата објави дека електромобилот е создаден од нула. Проектот е финансиран со еден милион долари, собрани преку индексирање во текот на овие седум месеци. Сондерс додаде дека за да стартува сериското производство на Sondors Model компанијата има потреба од 20 милиони долари, но сеуште не се знае дали и кога ќе почне собирањето на овие пари.

Sondors

Поврзани вести

Back to top button