fbpx

VW ќе соработува со Microsoft за автономна возачка технологија

Со цел да го направи развојот на автономното возење полесно и побрзо, Volkswagen започнува партнерство со Microsoft за да ја користи нивната cloud технологија

Со користењето на Microsoft Azure, Volkswagen ќе успее да се справи со огромните количини на податоци кои се користат при развојот на системите за автономно возење. Со оглед на тоа дека се собираат петабајти податоци на патиштата (од време и пречки, до однесување на возачот и повеќе) потребата за напредна компјутерска моќ е навистина голема и реална. Податоците се особено важни при учењето на машините да научат алгоритми кои ќе ги направат автономните возила возможни.

„Со комбинирањето на нашата сеопфатна експертиза во развојот на конектирани возачки решенија со софтверското знаење и инжинерство и клаудот на Microsoft, ќе успееме да ја забрзаме испораката на безбедни и удобни услуги за мобилност“, вели Дирк Хилгенберг, извршен директор на VW Car.Software.

„Надежта е дека ќе добие се што Car.Software прави, од компјутирање на податоци до машинско учење на една платформа. Тоа драстично ќе ги олесни работите, велат од VW.

„Додека ја трансформираме Volkswagen групацијата во обезбедувач на дигитална мобилност, ние постојано бараме ја зголемиме ефикасноста на развојот на нашиот софтвер. Ние ја градиме платформата за автоматско возење со Microsoft за да ја поедноставиме работата на нашите програмери преку една инженерска околина базирана на податоци“.

Volkswagen и Microsoft соработуваат заедно од 2018 година. Со оглед на тоа дека Automotive Cloud тимот на производителот е базиран во Сиетл, двете компании работат заедно во обид да ги испробаат поврзаните тест-флоти на Volkswagen на патиштата оваа година.

Поврзани вести

Back to top button