fbpx

Ford станува целосно електричен бренд во Европа

Ford го најави својот план да стане производител исклучиво на целосно електрични возила во Европа до 2030 година

„Синиот овал“ има амбициозни планови во блиска иднина да стане компанија која ќе произведува исклучиво електрични возила во Европа. Овој план треба да се реализира до 2030 година, а за сето тоа Ford ќе вложи 1 милијарда долари во седиштето на компанијата во Келн, Германија.

Сите патнички возила на Fоrd во Европа ќе бидат способни за нулта емисии до средината на 2026 година, без оглед на тоа дали станува збор за целосно електрични или plug-in хибридни возила, пред да стане производител исклучиво на целосно електрични автомобили до 2030 година. Освен тоа, опсегот на комерцијални возила на Ford исто така ќе бидат способни за нулта емисии до 2024, со тоа што две третини од продажбата на комерцијални возила да опаднат на чисто електрични возила или plug-in хибриди до 2030.

Ford of Europe ќе потроши 1 милијарда долари за да го модернизира својот производствен центар и седиште во Келн. Инвестицијата ќе го претвори објектот во Ford Cologne Electrification Center, а нивниот прв сериски производен целосно електричен модел наменет за Европа ќе се произведува на ова место од 2023.

Новиот електричен модел на Ford ќе биде првиот кој ќе биде поставен на MEB модуларната платформа на Volkswagen групацијата, на која се поставени VW ID.3 ID.4 и други модели, откако претходно двата производители постигнаа договор за споделување на платформите. Ford најави дека има потенцијал за втор ЕВ кој ќе се произведува во оваа фабрика, а деталите ќе ги соопштат нешто подоцна.

„Нашата одлука за трансформација на објектот во Келн, домот на нашите операции во Германија цели 90 години, е една од најважните кои Ford ги донел по цела една генерација. Ја покажува нашата посветеност кон Европа и модерната иднина со електрични возила во срцето на нашата стратегија за раст“, изјави Стјуарт Раули, претседател на Ford of Europe.

 

 

Поврзани вести

Back to top button