fbpx

Porsche откри интересни детали за караванскиот Taycan

Караванската верзија на Porsche Taycan, наречена Cross Turismo, се очекува да дебитира оваа година, а во меѓувреме Германците открија неколку интересни детали

Поминаа три години откако Porsche го претстави Mission E Cross Turismo на Салонот во Женева, а караванот подоцна ќе стане Taycan, електричен седан. Но, караванската изведба се наближува кон своето деби како продукциски модел, а тизер кампањата влегува во полн ек. Германскиот бренд денеска објави ново видео во кое е прикажано нешто послабо камуфлиран прототип, а зад управувачот е човекот кој стои зад поставата на Taycan, Стефан Векбах, а притоа откри и неколку интересни детали за електричниот автомобил.

Најинтересно од се е што Taycan Cross Turismo ќе биде претставен на пазарот како CUV модел (Crossover Utility Vehicle) и како таков ќе има и специјално наменет режим на возење, со што дополнително ќе се оптимизираат возачките динамики зависно од теренските околности само со допир на копче. Покрај тоа, првиот целосно електричен караван на светот од еден премиум бренд ќе биде поставен и нешто повисоко во однос на седанот, а меѓу останатите разлики, како што се поголемиот капацитет на багажникот, поголемиот простор за патниците на задната клупа и покривните шини ќе го направат Taycan Cross Turismo уште попрактичен.

Премиерата се очекува наскоро

„Со Taycan Cross Turismo сакаме да понудиме нешто повеќе простор, поголема флексибилност и разниликост. Развивме целосно нова покривна линија, ја опремивме со покривни шини, поголем простор на задната клупа и поголем багажник, се со цел да го направиме автомобилот совршен за активен животен стил. Автомобил кој може да биде подеднакво совршен за урбаната околина и за широките пространства“, вели Векбах.

Караванскиот Taycan, очекувано, добива и нов дизајн, односно нова покривна линија, што може и да се очекува од една ваква каросериска изведба. Инженерите исто така го променија и унапредија системот на потпирање, а меѓуосовинското растојание е продолжено во однос на „обичниот“ Taycan. Оваа варијанта на електричниот автомобил на Porsche веќе е влезена во предпродукциска фаза, што значи дека официјалната премиера ќе ја дочекаме оваа пролет.

Кога ќе пристигне во продажба, Porsche Taycan Cross Turismo ќе ги добие истите погонски опции како седанот. Така, моделот со погон на задни тркала ќе добие 402 или 469 КС ако е опремен со опционалниот Performance Battery Plus, додека 4S ќе пристигне со 522 или 563 КС, додека Turbo и Turbo S ќе добјат 670, односно 750 КС (во Overboost режимот).

Поврзани вести

Back to top button