fbpx

Караванската Porsche Panamera постави луд рекорд на Нурбургринг

Компанија Moetefindt која е специјализирана за производство на приколки и трактори, објави интересно видео

Компанија Moetefindt која е специјализирана за производство на приколки и трактори, објави интересно видео. Во него се гледа како караванаската Porsche Panamera Sport Turismo влече приколка на патеката Нирбургринг.

Компанијата соопштува дека трасата била помината за време од 12 минути и 6 секунди, што е и рекорд во оваа дисциплина.

Меѓутоа, кое досега беше најдоброто постигнување и кој го сторил тоа, не е јасно?!

Зад управувачот на караванот е Патрик Симон, кој има огромно искуство на легендарната патека, бидејќи постојано е вклучен во разни тестирања на истата и натпревари за издржливост. За возилото е е закачена платформа на моделот FTP 235 врз која можат да се превезуваат транспортни средства со тежина до 2.520 килограми.

Поврзани вести

Back to top button