Нов дизел од 177 КС за Opel Grandland X
Opel го прошири својот асортиман на мотори на своето најголемо теренско возило, Grandland X
Машината добива нова 2.0-литарска дизел единица која развива максимална моќност од 177 КС.
Моторот работи во спрега со 8-брзински автоматски менувач кој го пренесува вртежниот момент од 400 Nm на сите четири тркала. Со овој нов мотор Grandland X забрзува до 100 km/h за 9,1 секунда, а според фабричките податочи ќе има потрошувачка на гориво од околу 5,0 литри на 100 изминати километри.
Покрај тоа, Opel додаде ново ниво на луксузни возила. Се вика Ultimate и поставува почетна цена од нешто над 34.000 евра (во Германија). Стандардна опрема вклучува 19-инчни тркала, сребрени покривни шини, нов кожен тапацир за седиштата и врвен аудио систем на Denon.