fbpx

Porsche влегува со дополнителни инвестиции во Rimac

Porsche наводно ќе учествува во најновиот круг на финансирање на Rimac со оглед на тоа дека хрватскиот производител сака да собере буџет за своите најнови инвестиции

Имињата на Porsche и Rimac се доста актуелни и често се споменуваат едно крај друго во последно време, а нивната соработка би можела дополнително да се засили. Зборувајќи за германската публикација Automobilwoche, Мате Римац потврди дека Porsche е заинтересиран да влезе во најновиот круг на финансирање на Rimac чии планови се да соберат од 130 до 150 милиони евра. Римац потврди дека е планиран и уште еден круг на финансирање кон крајот на годината, пренесува Reuters. Засега не е познато колку Porsche планира да инвестира во Rimac, но сепак неговото учество во кругот на финансирање сугерира дека комплексниот договор кој ги вклучува германската и хрватската компанија, заедно со Bugatti, наскоро би можел да биде финализиран.

Веќе неколку месеци се шпекулира дека Volkswagen групацијата ќе го предаде Bugatti брендот на Rimac во замена за тоа Porsche да добие поголем удел во хрватскиот производител. Можноста за реализација на овој договор се зголеми минатиот месец по коментарите кои ги даде извршниот директор на Porsche, Оливер Блуме.

Во разговор за Reuters, Блуме истакна дека Bugatti и Rimac технолошки одлично си одговараат и дека договорот би можел да биде постигнат во втората половина на годината.

Се наведува дека ако овој договор биде постигнат, Porsche ќе го зголеми својот удел од 15,5 проценти колку што изнесува сега, до речиси 49 проценти. По ова, Rimac ќе го добие Bugatti брендот без никакви дополнителни трошоци.

Поврзани вести

Back to top button