fbpx

JLR го откажа развојот на MLA, крај за J-Pace и Road Rover

Jaguar Land Rover минатиот месец го претстави својот Reimagine план, според кој Jaguar требаше да се откаже од замената за XJ и да стане исклучиво електричен бренд

Jaguar Land Rover прави големи промени во своите планови, а според најновите информации, компанијата става крај на развојот на својата MLA платформа, што значи дека XJ нема да биде единствената „жртва“ во промените на британскиот производител. Според информациите на Automotive News Europe, извршниот финансиски директор на JLR Ејдриен Мардел потврди дека развојот на возила базирани на MLA платформата е стопирана.

Покрај XJ, оваа платформа на JLR требаше да биде основата и за електричниот Land Rover. Иако ништо не е официјално, се верува дека моделот е Road Rover кој требало да биде целосно електрично возило со луксузни и перформансни одлики наместо класични „оф-роуд“ карактеристики.

Истиот извор пренесува дека Jaguar J-Pace најверојатно исто така е откажан. Моделот требаше да биде директен конкурент на Tesla Model X, а според претходните шпекулации кои се појавија, овој модел требаше да се одликува со автономија на движење од 482 километри.

Пред неколку дена од Jaguar потврдија дека се во потрага по партнер кој ќе им направи платформа за нивните целосно електрични автомобили, што само ги потврдува големите промени кои настапуваат кај британскиот производител.

И додека MLA-mid платформата е мртва, MLA-flex продолжува да живее и ќе се користи како основа за следната генерација на Range Rover и Range Rover Sport. Land Rover исто така не се откажува од ЕВ моделите, а нивниот прв целосно електричен автомобил би требало да пристигне во 2024 година. До 2026 брендот планира да има шест електрични автомобили во својата постава, кои би требало да сочинуваат 60 проценти од продажбата до 2030.

 

Поврзани вести

Back to top button