fbpx

Rolls-Royce Cullinan ќе добие друго име

Следната година Rolls-Royce ќе го претстави својот прв SUV модел и индустријата очекува еден од најлуксузните автомобили во историјата

Проектот го носи името Cullinan, но според информациите од британската компанија, сериската верзија на SUV може да добие сосема друго име.

Тоа име треба да биде познато во првиот квартал од следната година, а Rolls-Royce потврди дека Cullinan е само “работно име на проектот”. Платформата на која е создаден Cullinan носи името Architecture of Luxury, типично за Rolls-Royce и веќе се користи кај Phantom. Неслучајно се очекува Cullinan да е еден од најлуксузните автомобили, бидејки новиот SUV ќе биде надграден токму над Phantom, кој е најпрестижниот модел произведен под капата на BMW Group.

Користењето на иста платформа кај двата модела сугерира дека и Cullinan ќе биде придвижуван од веќе познатите 6,75-литарски V12 мотор, кој кај Phantom е со моќност од 563 коњски сили. Сепак, SUV изведбата ќе биде малку побавна, се очекува да забрзува од 0 до 96 km/h за 6 секунди. Cullinan, кој ќе биде директен ривал на Bentley Bentayga, пристигнува во првата половина на следната година, а најхрабрите предвидувања се дека тоа може да се случи уште во март, во Женева.

Поврзани вести

Back to top button