Maserati го тестира MC20 суперавтомобилот на тркачките патеки
Maserati влегува во финалната фаза на тестирање и развој на новиот модел MC20 и во моментов се вршат тестирањата на тркачките патеки
Новиот суперавтомобил на Maserati, моделот MC20 ja доживеа својата премиера во септември минатата година, но сега во подготовка е продукциската верзија на автомобилот, поради што тестирањата се уште траат, а италијанската компанија се уште го држи во тајност конечниот изглед.
Maserati сподели неколку фотографии од тестирањата на MC20 на патеката во Модена, а моделот кој е прикажан на истите се одликува со навистина чудна камуфлажа, но тоа не треба да биде изненадување бидејќи суперавтомобилот ќе влезе во продажба кон крајот на оваа година, а производителот има дополнително време да ги подеси електрониката и системот на потпирање.
Италијанскиот производител подготвува нова пазарна офанзива која ќе ја започне токму со MC20. Ова ќе биде и првиот модел кој ќе се напојува со агрегат кој Maserati самостојно го има развиено по долги години користење на погонските единици на Ferrari. Станува збор за 3,0-литарскиот V6 турбобензинец со 630 KС и 730 Nm максимален вртежен момент, кој пристигнува во комбинација со осумстепен автоматски менувач со двојна спојка, благодарение на кој моќноста се испраќа на задните тркала преку диференцијал со ограничено пролизгување. Оваа поставка му овозможува на автомобилот од 0 до 100 км/ч да стигне за помалку од 2,9 секунди, а максималната брзина е 325 километри на час.
MC20 ќе биде достапен и во целосно електрична варијанта, која ќе нуди забрзување до „стотка“ за 2,8 секунди, додека максималната брзина ќе изнесува 310 километри на час, а опсегот на движење ќе биде околу 320 километри. Maserati планира да понуди и кабрио варијанта која ќе биде достапна исклучиво со конвенционален мотор. MC20 ќе пристигне на пазарот подоцна оваа година, додека ЕВ верзијата ќе стигне догодина.