fbpx

BMW ќе продолжи да развива нови мотори на внатрешно согорување

За разлика од своите најголеми конкуренти Audi и Mercedes, BMW не се откажува од развојот на нови мотори со внатрешно согорување

Според најновите информации, германскиот гигант BMW нема намера да се откаже и ќе продолжи со развојот на новио конвенционални мотори. Наводно, извршниот директор на баварската марка Оливер Ципсе не сака да се откаже од моторите на внатрешно согорување, бидејќи „побарувачката за конвенционалните возила ќе остане голема и во следните години.

Сето ова пристигнува само неколку дена откако извршниот директор на Audi потврди дека овој производител се откажува од развојот на нови мотори на внатрешно согорување, пред се поради тоа што новите регулативи за емисија на штетни гасови во Европа, го прават сето тоа премногу скапо и речиси неизводливо, па наместо тоа, Audi ќе ги развива своите постоечки агрегати да бидат во согласност со новите закони за CO2.

Истата порака ја имаше и извршниот директор на Mercedes. Имено, Маркус Шафер во изјава за германските медиуми истакна дека „најголемиот дел од инвестициите сега навистина ќе бидат насочени кон електромобилностса. Дури и Mini, кој е во сопственост на BMW, најави дека ќе стане целосно електричен бренд во Европа.

Секако, тоа што BMW ќе продолжи со развојот на нови мотори на внатрешно согорување, не значи дека баварската марка заостанува со електрификацијата. Компанијата веќе го подготвува iX електричниот кросовер кој наскоро треба да се најде во продажба, а неодамна го претстави и i4 електричниот спортски седан.

Моторите со внатрешно согорување би можеле да продолжат да бидат корисни за plug-in хибридните модели во Европа. Како што истакна и извршниот директор на Audi, не сите пазари инсистираат на електрични возила, ниту се способни да го поддржуваат како европскиот пазар, што значи дека надвор од Европа, моторите со внатрешно согорување и понатаму ќе играат голема улога.

Поврзани вести

Back to top button