fbpx

Mini станува ЕВ бренд до 2030

Со оглед на тоа дека станува се потешко за производителите да ги пресретнат се построгите регулативи за емисии во Европа, Mini најави дека ќе стане целосно електричен бренд

Mini им се приклучува на Bentley, Ford, Jaguar и Volvo како најнов бренд во низата кој во целост ќе се откаже од своите модели со мотор на внатрешно согорување на Стариот континент до 2030 година. Auto News Europe пренесува дека британската компанија, која е во сопственост на BMW, ќе го претстави своето последно возило со мотор на внатрешно согорување во 2025 година. Освен тоа, тие очекуваат електричните возила да сочинуваат половина од продажбата до 2027 година.

По 2025 година, Mini ќе се насочи исклучиво кон електричните автомобили, а раководството на BMW вели дека британската марка ќе одигра „пионерска улога“ во програмата на електрификацијата. Ваквата одлука е и сосема логична, бидејќи Mini во претходните две децении најчесто се потпираше на градската популација, бидејќи нивните возила најдобро се снаоѓаат токму во урбаните средини.

Британскиот производител ќе остане присутен на глобално ниво, на сите оние пазари каде што работи и во овој момент. Според актуелниот план, последниот модел кој користи мотор со внатрешно соговрување на оваа марка ќе биде следната генерација на Mini хечбекот. Тоа, како што споменавме погоре, ќе се случи во 2025 година, по што повеќе нема да бидат пласирани модели со конвенционални мотори.

Оваа марка во своето портфолио во моментов има само еден електричен автомобил и тоа Mini Electric SE. Следната генерација на Countryman, која ќе се произведува во Германија, ќе се нуди и со мотор на внатрешно согорување и како ЕВ верзија, а се очекува на пазарот да пристигне до 2023 година. Mini веќе работи и на создавање на платформа за електрични модели.

Поврзани вести

Back to top button