fbpx

Aston Martin Vantage доби специјална F1 Edition верзија

Aston Martin од оваа година влегува во светот на Formula 1, и како тим, но и како снабдувач на безбедносни возила, а токму последново е инспирација за специјална серија на Vantage

Британската марка ја најави својата брутална верзија на Vantage кон почетокот на месецов кога високо перформансното купе беше презентирано како официјален Formula 1 безбедносен автомобил за новата сезона во најбрзиот циркус на планетата. Пред неколку дена од Гајдон објавија тизер фотографија со која најавија дека подготвуваат слична верзија на Vantage која ќе биде достапна и за купувачите. Сега, истата е официјално претставена и е наречена Aston Martin Vantage F1 Edition.

Со други зборови, станува збор практично за истиот автомобил. Со својот битурбо 4,0-литарски V8 мотор кој го добива од AMG е „тјуниран“ да испорачува 535 КС или 25 КС повеќе од претходно. Максималниот вртежен момент изнесува 685 Nm, a инженерите го споија агрегатот со осумстепен автоматски менувач со побрзо менување на брзините и подиректно чувство.

Vantage F1 Edition добива и унапредена шасија, пред се поради промените направени на системот за потпирање и управувањето. Модификации се направени и на амортизерите со цел да се зацврсти управувањето и да се зголеми контролата на каросеријата.

Vantage F1 Edition

Неколку промени во однос на „обичниот“ Vantage

Дека не станува збор за обичен Vantage, може да се забележи по тркалата, кои имаат димензии од 21 инчи, наместо стандардните 20 инчи. Ова е прв пат Aston Martin на своето спортско купе да му даде толку големи тркала. Аеродинамичкиот пакет е она што привлекува најмногу внимание, а со истиот се добива дополнителни 200 килограми потисна сила при највисока брзина.

F1 Edition пристигнува и финиширан во Aston Martin Racing Green по урнекот на безбедносниот F1 автомобил, а може да се добие во Lunar White и Jet Black, со избор меѓу сјаен или сатенски финиш. Сите имаат Solid Matte Dark Grey графики на каросеријата и асортиман на промени во ентериерот, вклучително и ексклузивна кожа и Алкантара тапацир со контрастни шевови и пруги.

Vantage F1 Edition

Aston Martin ќе го продава Vantage F1 Edition и како „роудстер“ и веќе прима нарачки за двете варијанти. Купето има почетна цена од 162.000 евра во Германија, а првите автомобили ќе бидат испорачани во мај.

Поврзани вести

Back to top button