fbpx

VW нема да развива нови конвенционални мотори

Откако претходно Audi порача дека повеќе нема да развива нови мотори на внатрешно согорување, сега истата постапка ја најавува и Volkswagen

Моторите на внатрешно согорување полека се приближуваат до крајот на својот животен век и постоење, а трендот на разочарувачки вести кои производителите ги објавуваат за љубителите на бензинските и дизел агрегати не престануваат. Откако претходно Audi истакна дека нема намера да развива нови мотори на внатрешно согорување, сега истото го потврдува и VW.

Наместо развој на нови, извршниот директор на VW Ралф Брандштетер истакнува дека компанијата ќе се фокусира на унапредување на актуелната погонска поставка со цел да ги пресретне уште построгите Еуро 7 регулативи, а притоа уште повеќе се насочува кон производството на целосно електрични возила.

Истата постапка ја најави и Mercedes, додека BMW не се откажува така лесно. Сепак, се чини дека ова е почеток на крајот за моторите на внатрешно согорување. Секако, тие нема да исчезнат преку ноќ. Volkswagen претходно овој месец најави дека планира да го удвои планот за продажбата на електрични возила во Европа до 2030. Но, исто така ќе продолжи да ги продава најважните конвенционални модели како Golf, Passat, T-Roc и Tiguan. Од VW велат дека овие модели ќе добијат нова генерација, но ќе бидат произведени да бидат што е можно поефикасни, што значи дека ќе пристигнат со најновата plug-in хибридна технологија.

Брендштетер за Automobilwoche истакна дека VW ќе го искористи профитот од конвенционалните возила за да го финансира форсирањето на производството на целосно електрични возила. Компанијата има сериозни продажни планови кои сака да ги пресретне до 2030 година. Според нив има за цел 70 проценти од возлата продадени во Европа, како и над 50 проценти од возилата продадени во САД и Кина да бидат ЕВ.

Најавите на VW доаѓаат неколку дена откако Audi откри сличен план кога станува збор за моторите на внатрешно согорување. VW групацијата минатата година го промовираше Audi да биде лидер на конгломератот за истражување и развој.

Поврзани вести

Back to top button