Lamborghini го претстави најбрзиот SUV во светот
Lamborghini го претстави најбрзиот SUV во светот - Urus. Возилото со пренос на сите четири тркала има мотор од 650 КС
Димензиите на кросоверот се должина 5.112, ширина 2.016, висина 1.638 и растојание помеѓу двете оски 3.003 mm. Тежината на машината е 2,2 тони, а волуменот на багажникот достигнува 616 литри. Кога ќе се отстранат задните седишта, слободниот простор се зголемува на 1.596 литри. Како опција за Urus, ќе бидат достапни две одделни задни седишта.
Теренец на Lamborghini е изграден на модуларната платформа на концернот Volkswagen- MLB Evo, која претходно беше користена за Bentley Bentayga и Audi Q7. Каросеријата е направена од алуминиум, а шасијата е од висококвалитетен челик и композитни материјали. Потпирањето е пневматско со електромеханички стабилизатори за попречна стабилност и активен заден диференцијал. Истиот систем за компезирање на навалување во свиоци, се користи кај Bentley Bentayga, Porsche Cayenne и Audi Q7. Кросоверот е управуван од 4.0- литарски битурбо V8 мотор со моќност од 650 КС и вртежен момент од 850 Nm.
Менувачот е 8- степен ZF и се користи за прв пат во автомобил на Lamborghini. Забрзувањето од 0 до 100 km/h кај Urus трае 3,6 секунди, а до 200 km/h за 12,8 секунди. Максималната брзина е 305 km/h што го прави најбрзиот SUV во светот. За споредба, Bentley Bentayga со истиот мотор, но со 600 КС. Забрзува од 0 до 100 km/h за 4,1 секунда и развива брзина од 301 km/h. Кај Porsche Cayenne Turbo (550 КС) забрзувањето е за 3,1 секунди, а брзината е 286 km/h.
Теренецoт располага со најголемите во светот карбон-керамички сопирачки 440 милиметри дискови на предната оска и 370 милиметри на задната. На Buggati Chiron има 420 mm дискови на предната страна. Во опремата на моделот влегува аудио Bang & Olufsen со моќност od 1.700 вати, систем за кружen надзор, систем за предупредување при опасност од директен судир, електрично затворање на багажникот, како и безжичен полнач за smartphone.