Викенд тарифа: Битка во тешка категорија, Urus против X6 M
Интересна драг битка меѓу два SUV „тешкаши“, Lamborghini Urus и BMW X6 M, кои можеби не се во иста ценовна категорија, но имаат една заедничка работа
Lamborghini Urus се покажа како полн погодок за италијанскиот производител и е еден од најпопуларните модели кога станува збор за луксузните спортски кросовери. Препознатлив по своите перформанси, сега е предизвикан од страна на BMW X6 M Competition.
Заедничко за овие два модели е тоа што се напојуваат од битурбо V8 агрегати, со таа разлика што Urus својата моќ ја црпи од 4,0-литарски мотор со 650 КС и 850 Nm максимален вртежен момент, а BMW X6 M Competition под хаубата има 4,4-литарски мотор кој испорачува 625 КС и 750 Nm. И во двата случаи моќноста се испраќа на сите четири тркала преку осумстепен автоматски менувач.
Погледнете во прилог кој успеа да победи во оваа пресметка.