fbpx

Mini Electric Pacesetter е новото безбедносно возило во Formula E

Mini го претстави Electric Pacesetter моделот кој ќе биде новото безбедносно возило во Formula E, а исто така го најавува и идниот JCW автомобил

Пред неколку дена Mini објави тизер за електричен автомобил, кој се чинеше дека е најава за перформансниот Mini SE JCW, но денеска е откриено дека станува збор за новиот безбедносен автомобил за Formula E. Наречен Mini Electric Pacesetter inspired by JCW, што е навистина долго име за така мал автомобил. Иако не станува збор за продукциски автомобил или директен претходник на автомобил кој ќе биде понуден во продажба, сепак претставува најава дека ќе се произведуваат високо перформансни електрични Mini модели.

Ова го потврди и првиот човек на Mini, Бернд Корбер. „Со овој модел се открива една од насоките кои ќе ги преземеме со електрификацијата на JCW брендот. За мене, пораката е јасна – Електрификацијата и John Cooper Works се одличен тандем“.

Pacesetter

Mini направи некои поголеми модификации на Pacesetter со цел да го подготви да ги предводи електричните автомобили. Неговата тежина е 130 килограми помала во однос на Mini SE на кој е базиран. Најголемиот дел од оваа заштеда во тежината доаѓа од испразнетиот ентериер, каде се наоѓаат 3D испечатените материјали за седиштата. Електромоторот и батеријата остануваат непроменети, па така моќноста е 183 КС, додека максималниот вртежен момент е зголемен од 270 на 280 Nm. Ова му овозможува на малиот Mini Electric Pacesetter од нула до „стотка“ да забрза за 6,7 секунди, што е побрзо во однос на 7,3 секунди колку што му се потребни на SE.

Конкретниот модел не е легален за патиштата и ќе се користи исклучиво во Formula E трките, за што управувањето и системот на сопирање се унапредени со тркачки карактеристики. Mini John Cooper Works GP направи специјални тркала кои се обложени со Michelin Pilot Sport пневматици.

Pacesetter

Автомобилот ќе го забележи своето деби на Formula E настанот во Рим на 10 април.

Поврзани вести

Back to top button