fbpx

Сите идни BMW модели ќе користат нова, единствена ЕВ платформа

Сите идни модели кои баварскиот гигант BMW ќе ги произведе ќе бидат поставени на единечна архитектура која ќе биде со фокус не електрификацијата

Новата платформа на BMW, наречена New Class, е дизајнирана да поддржи целосно електрични погони, но исто така ќе поддржи бензински и дизел мотори, како и plug-in хибриди. Оваа платформа ќе биде лансирана во 2025 година и би можела да има флексибилност да поддржи и погон на водородни горивни ќелии.

Според Auto News, оваа New Class платформа ќе ги замени двете актуелни архитектури на компанијата, UKL малата платформа која се користи за компактните возила на BMW и Mini, како и CLAR платформата која се користи за остатокот од семејството на модели на баварскиот гигант.

За разлика од New Class платформата, која ќе биде произведувана со фокус на електричните погони, UKL и CLAR платформите се развиени за мотори на внатрешно согорување. Од тогаш BMW ја надогради CLAR архитектурата, модифицирајќи го централниот простор со цел да може да ја користи за електрични возила и plug-in хибриди. Целосно електричниот iX3 ја користи оваа платформа, исто како и i4 и iX, а исто така на неа ќе бидат поставени и електричните верзии на Серија 5 и Серија 7.

Според информациите, новата архитектура ќе ги поддржи различните пропорции на сите електрични возила, а ќе понуди и многу поголема пространост во ентериерот. Освен тоа, ќе поддржи и високоволтаични батирски концепти со унапреден дизајн на ќелиите, а фокусот ќе биде ставен на погон на задните тркала, иако ќе се нудат модели со погон на предните и сите четири тркала.

BMW има план електричните автомобили да содржат половина од нивната проджаба до 2030 година, а New Class платформата ќе помогне во остварување на оваа цел.

Поврзани вести

Back to top button