fbpx

Hyundai откри дел од спецификациите за новата Kona N

Корејскиот производител Hyundai се подготвува за претставувањето на најновиот член во своето N семејство, а за таа цел објави нови детали за новата Kona N

Hyundai објави неколку детали за Kona N, a перформансниот кросовер ќе пристигне со 2,0-литарски турбо четирицилиндерски мотор кој испорачува 280 КС. Компанијата не соопшти детали околу максималниот вртежен момент, но истакна дека „новата поголема количина на истиот ќе користи поголем дел од потенцијалот на моторот во секојдневните ситуации“.

Од Hyundai велат дека моторот има „рамни карактеристики на моќност кои обезбедуваат поголем вртежен момент и поголема моќност при средни и високи вртежи во минута“. Од компанијата додаваат дека оваа карактеристика „го подобрува забрзувањето при средни и високи брзини“ и обезбедува конзистентни перформанси.

Kona N

Она што од претходно се претпоставуваше, сега е потврдено. Tоа значи дека моторот ќе биде поврзан со осумстепен автоматски менувач со двојна спојка. Исто така, Hyundai објави и нови детали за менувачот, кој е базиран на нивниот препознатлив осумстепен DCT, но е опремен со специјално-тјуниран сооднос на брзините и уникатно калибрирана единица за контрола која овозможува побрзи менувања и „неколку ексклузивни возачки карактеристики“.

Така, тука се N Grin Shift, N Power Shift и N Track Sense Shift функциите. N Grin Shift ги максимизира перформансите на моторот и трансмисијата за 20 секунди, со најмалку 40 секунди период на „ладење“ меѓу користењата. Се активира преку специјално копче на управувачот и може да се користи при претекнување или приклучување на автопат. Од друга страна, N Power Shift, се активира кога Kona N забрзува со повеќе од 90 проценти гас. Кога е вклучен, го максимизира вртежниот момент при менувањата и создава привлечен спортски звук од издувниот систем.

На крајот, N Track Sense Shift препознава кога условите се оптимални за динамично возење и се активира автоматски. Кога ќе се вклучи, тајмингот на промената на брзините е оптимизиран за спортско возење.

Менувачот исто така има и две електрични пумпи за масло со кои се намалува триењето и се подобрува ладењето. Возачите исто така ќе најдат и лопатки за менување на брзини, кои овозможуваат мануелно ракување со менувачот. Hyundai навдува дека N DCT ќе понуди „привлечно искуство на секвенцијален мануелен менувач со практичност на автоматски менувач“. Покрај ова, Kona N има N Grin Control System со Normal, Eco, Sport, N и Custom режими.

Се уште не е познато кога Kona N ќе дебитира, но се очекува тоа да биде наскоро. Hyundai веќе објави неколку тизери, а сега започна и со објавување на детали за перформансниот кросовер.

Поврзани вести

Back to top button