fbpx

Budweiser нарача 40 Tesla електрични камиони

Еден од најголемите светски производители на пиво Budweiser-Anheuser-Busch веќе нарача 40 претставници на селектираниот SEMI камион

Еден од најголемите светски производители на пиво Budweiser Anheuser Busch веќе нарача 40 претставници на селектираниот SEMI камион на Tesla, со цел намалување на трошоците за гориво и емисии во својот транспорт.

Според информациите на WSJ, електричните „влекачи“ ќе бидат искористени за транспортни активности од пиварниците на Anheuser-Busch до трговците на големо, лоцирани во радиус од 150 до 200 милји, што е значително под однапред ветената од Илон Маск за автономијата од 500 милји за SEMI. Електричните влечни возила ќе станат дел од специјалната флота од околу 750 камиони на Anheuser-Busch, кои иако се брендирани со логото на Budweiser, се сопственост на надворешна компанија.

Budweiser

Во исто време, сепак, не е донесена конечна одлука дали камионите ќе бидат директно купени или ќе бидат изнајмени. Илон Маск го претстави SEMI за прв пат на 17 ноември, а она што се уште се коментира за него, секако е најавата дека тој ќе биде во можност да забрза од 0 до 96 km/h за 5 секунди. Опремена со четири електромотори за секое едно од задните тркала, Tesla SEMI e најавен од компанијата со автономија на движење од 500 милји (800 километри) и тоа при максимално оптоварување и брзина на движење од 96 km/h. Производството на Tesla SEMI се очекува да започне во 2019 година, а барањата за купување веќе се прифаќаат за депозит од 200.000 долари за специјалната пилот серија Founders Series и 20.000 долари за стандардната.

Поврзани вести

Back to top button