fbpx

Шангај 2021: Seres и Huawei премиерно го покажаа SF5

Seres, во соработка со технолошкиот гигант Huawei го претставија својот заеднички производ на Салонот во Шангај, наречен SF5 Smart Selection

Кинескиот телекомуникациски гигант Huawei Technologies и автомобилскиот ЕВ производител Seres заеднички го лансираа новиот Seres Huawei Smart Selection SF5 хибриден електричен автомобил на Салонот во Шангај. Новиот екосистем на Seres, создаден заеднички со Huawei се одликува со најновиот HUMP систем за продолжување на опсегот, заедно со Huawei DriveOne електричниот возачки систем.

Seres Huawei

Seres SF5 EVR Smart Selection е производ кој се темели на технологиите на Huawei во комбинација со S-007, футуристичкиот концептен модел на кинескиот ЕВ бренд, кој како што велат, е инспириран од космосот. Со овој проект, Seres и официјално започна соработка со технолошкиот гигант Huawei, со што двете компании лансираат нов играч во екосистемот.

Seres Huawei

Двете компании тесно соработуваа во изминатиот период со цел да ги обединат комплементарните сили кога станува збор за автомобилското производство и иновативната технологија, со што отвораат нови врати за високоперформансните интелигентни електрични возила. Новиот модел, опремен со Huawei Hicar интерконекциски систем, Huawei DriveOne електричниот возачки систем и Huawei Sound. Smart Selection системот на Huawei е инклузивен екосистем кој ја инкорпорира интелигентната инктерконективност со производите на компанијата.

Seres Huawei

Huawei ги остварува своите најави

Од Huawei велат дека нивниот „три во едно“ електричен возачки систем нуди унапредена енергетска ефикасност и перформанси од „светска класа“. Во чисто електричен режим, SF5 Smart Selection има опсег од 150 километри, но со продолжување на опсегот каде двата електромотори работат во хармонија со 1,5-литарскиот мотор, достигнува автономија од над 1.000 километри според NEDC регулативите. Според податоците, овој модел од нула до „стотка“ забрзува за 4,7 секунди.

Seres Huawei

HiCar системот им овозможува на корисниците лесно да менуваат меѓу апликациите на мобилните телефони на централниот контролен панел, добивајќи пристап до навигација и други системи. Претходно овој месец, Huawei ги најави своите планови за насочување на ресурсите кон зголемување на своето присуство во автомобилскиот сектор, особено кога станува збор за автономното возење и интелигентната технологија за возила, за што подготвија 1 милијарда долари за инвестиции.

Поврзани вести

Back to top button