fbpx

Honda објави нови детали за европскиот HR-V

Јапонскиот производител објави нови детали за новата генерација на европскиот HR-V кросовер, кој на Стариот континент ќе биде достапен исклучиво со хибриден погон

Во пресрет на премиерата, Honda ги објави деталите за целосно новата генерација на HR-V. Honda HR-V e:HEV се напојува од комбинација на 1,5-литарски i-VTEC мотор и два електромотори кои заеднички испорачуваат 131 КС и 253 Nm вртежен момент. Станува збор за помоќна верзија на хибридниот погон кој се наоѓа кај помалиот Jazz, кој ја споделува истата архитектура со новиот HR-V.

Хибридниот погон на новата Honda HR-V пристигнува со три главни режими на возење – Sport, Normal и Eco, a постои и дополнителен „B“ режим кој може да биде избран преку селекторот на брзини за посилно регенеративно сопирање. Honda вели дека новиот хибриден HR-V e:HEV одлично се снаоѓа во чистиот ЕВ режим, а се префрла беспрекорно на бензинскиот мотор кога се вози при повисоки, поконстантни брзини.

HR-V

Новата архитектура на Honda HR-V e:HEV овозможува поголем простор во ентериерот каде и понатаму се присутни практичните решенија кои се заштитен знак на компаниајта. Така, покрај 35 милиметри поголемиот простор за нозете, новиот HR-V исто така доаѓа и со задните „магични седишта“. Платформата и овозможи на Honda да го постави резервоарот за гориво на средината, што во комбинација со паметното пакување на хибридните компоненти, му овозможуваат голема пространост на HR-V во кабината и покрај неговата купеовска линија.

HR-V

Пристигнува кон крајот на годинава

Инфозабавниот екран користи 9-инчен екран на допир и се одликува со едноставен и целосно персонализирачки интерфејс за полесен пристап. Освен тоа, системот е побрз при реакциите во споредба со претходната генерација и пристигнува со Apple CarPlay и Android Auto. Пред возачот се наоѓа 7-инчен екран кој ги прикажува информациите за системите за асистенција на возачот.

Новата Honda НR-V e:HEV доаѓа со Honda Sensing пакетот на системи, кој во оваа верзија доаѓа со нова поширока предна камера со висок квалитет, нов адаптивен темпомат кој го мониторира управувачкиот агол и латералната Г-сила и пристигнува со функција за следење при ниски брзини и контрола на сопирање. Системите како Blind Spot Information, Cross Traffic Monitor и Hill Descent Control исто така се вклучени.

Honda ќе го лансира новиот HR-V e:HEV во Европа кон крајот на 2021 година, а деталите околу цената ќе бидат познати подоцна.

Поврзани вести

Back to top button