Formula 1 ги потврди новите спринтерски квалификации за 2021
Актуелниот квалификациски систем во Formula 1 постои од 2010 година, а најбрзиот циркус на планетата бара начин да ги „зачини“ дополнително работите
Formula 1 од оваа сезона ќе добие нов формат на квалификации, таканаречени спринтерски квалификации кои ќе се одржат за време на три тркачки викенди во текот на актуелната натпреварувачка година. Ова беше најавено пред извесно време, а сега е и официјално потврдено. Сегашниот систем на квалификации е на сила од 2010 година, а во кој се возат три временски рунди со кои се елиминираат последните пет возачи во секоја рунда.
Според новиот Formula 1 систем, квалификацискиот систем ќе сочинува трка на 100 километри на ден пред главната трка, со што ќе се одлучи стартниот ред. Покрај одредувањето на стартните позиции за целосната трка, првите тројца возачи во спринтерската трка ќе добијат и бодови кои ќе влезат на конечната табела, и тоа три бода за првиот, два за вториот и еден бод за третопласираниот.
New race weekend format, new challenge.
Let's take a look… 👀#F1 pic.twitter.com/FULEYBQki4
— Formula 1 (@F1) April 26, 2021
Неколку промени во тркачкиот викенд се направени со цел да се адаптира новиот формат. Во петок ќе има едночасовна тренинг сесија како и досега, но наместо втор тренинг, сега ќе има квалификациска сесија за спринтерските квалификации со користење на истиот елиминациски систем кој го имаме и сега. Во сабота наутро ќе има нов едночасовен тренинг, по што попладне ќе се одржи спринтерската тркала. На крајот, во недела ќе се одржи и главната трка.
Покрај викендашкиот формат, ќе има и помали измени на правилата. Parc Ferme прозорецот сега е продолжен и почнува од стартот на петочките квалификации, па се до крајот на неделната трка, иако ова нема да се однесува на системите на потпирање и сопирачките компоненти. За време на квалификациите во петок, можат да се користат меки пневматици, за време на спринтерските трки тимовите ќе можат да користат какви сакаат пневматици, додека за неделната трка ќе можат да се користат два различни вида.