fbpx

Automechanika со нов концепт за 2021 година

Годинешното издание на Automechanika Frankfurt, кое ќе се одржи од 14 до 16 септември, ќе биде сосема различно од досегашните изданија

Со воведувањето на Digital Plus форматот, кој ќе важи само оваа година, годинешното издание на Automechanika Frankfurt ќе добие еден сосема нов изглед. Покрај компактната физичка изложба, главниот фокус на Automechanika е да им понуди на сите учесници вмрежување и презентација на своите компании преку дигитален пат. Новата понуда која е претставена во индустријата, ја намалува саемската трговија на минимум. Следната година, водечкиот меѓународен саем ќе се врати во својот препознатлив формат во изложбените простори во Франкфурт од 13 до 17 септември 2022 година.

„Како резултат на постојаните потешкотии настанати од пандемијата, нема да можеме да ги задоволиме очекувањата на нашите клиенти за врвен трговски саем во септември. Не само што целиот настан бара дозвола од властите, туку исто така потребно е да имаме слободно меѓународно патување. Сепак, ова не го менува фактот дека автомобилската индустрија има потреба од платформа каде ќе можат да се извршуваат редовните работи оваа година. Поради ова одлучивме да го модифицираме нашиот концепт за годишеното издание на Automechanika. Со прифаќањето на ‘plug-and-play’ принципот, ние нудиме можност за вмрежување и изложба на лице место, а притоа подготовките, ризикот и трошоците ги сведуваме на минимум. Следната година планираме да го одржиме Automechanika Frankfurt во препознатливиот формат“, истакна Дитлеф Браун, членот на Извршниот одбор на Messe Frankfurt.

Automechanika Frankfurt

Паралелно ќе се одржува и Hypermotion

Новиот концепт ќе им понуди на компаниите широк опсег на презентациски формати од кои ќе можат да изберат, како и различни лаунџови за вмрежување каде што ќе можат на лице место да ги договараат новите зделки, во согласност со мерките за заштита од коронавирусот. Компаниите кои нема да имаат можност да патуваат во Франкфурт поради мерките, ќе можат да ги претстават своите производи на дигиталната платформа, каде што ќе можат дигитално да се сретнуваат и вмрежуваат со потенцијалните клиенти.

Паралелно со Automechanika, ќе се одржи и Hypermotion настанот. Ова ќе биде прв пат корисниците и развивачите од сферата на мобилноста и логистиката да бидат заедно на исто место со автомобилскиот афтермаркет. Ова креира значајна синергија за учесниците на двата настани, бидејќи автомобилската индустрија е лидер во мобилната индустрија, додека автомобилската логистика има значителен удел во логистичката индустрија.

Поврзани вести

Back to top button