BMW M5 ќе добие хибридна верзија
Германскиот производител BMW ќе понуди хибридна модификација на новата генерација на набилданиот седан M5 и ќе престане со производството на екстремното купе M2 CSL
Новата BMW M5 (F90) беше претставена претходно оваа година.
Компанијата се уште не започна со испораките на возилото со моќност од 600 КС, но веќе работи на негова нова модификација. Таа ќе се вика BMW M5 Competition, а ќе има хибриден погон и ќе се појави на пазарот во текот на летото на 2018 година. Детали за агрегат на моделот не се откриваат. Не е јасно како точно Баварците ќе го електрифицираат моќниот седан, но се претпоставува дека тие ќе ги користат т.н. „мек хибрид”. Тоа значи стартер- генератор, кој обезбедува дополнителна енергија при ниски вртежи и помага на забрзувањето од место.
Во исто време во BMW планираат да се откажат од производството на екстремното купе M2 CSL. Причината е дека компанијата подготвува излегувањето на две други верзии на моделот M2: BMW M2 Competition и BMW M2 CS. Првиот од нив ќе биде претставен во средината на 2018 година.
Појавата на двете нови модификации го прави доста поскапо BMW M2 CSL, па Баварците ќе го затворат проектот.