fbpx

BMW со тизери ја најави новата Серија 2 Coupe

Новата Серија 2 Coupe на BMW влезе во својата финална фаза на развој пред да започне производството ова лето, а во таа чест Баварците објавија сет фотографии

BMW ја започна тизер кампањата за новата генерација на Серија 2 Coupe. Спортското купе со погон на задните тркала е прикажано во опширна фото галерија, а фокусот е ставен на најмоќната верзија која ќе биде понудена при лансирањето. Станува збор за M240i xDrive моделот, а прикажан е и моделот 230i.

BMW Серија 2 Coupe

Од баварската компанија истакнуваат дека Нирбургринг служел како главна тест база за развојот на автомобилот, со што му било овозожено на BMW да го усоврши системот на потпирање, шасијата, амортизерите, управливоста и системите за сопирање. Тестирањето исто така е правено и на јавни патишта околу Минхен и тест погонот на компанијата во Мајсах.

Кога станува збор конкретно за најмоќниот модел во поставата на Серија 2 Coupe, моделот M240i xDrive, тој ќе се одликува со TwinPower турбо шестцилиндерски мотор кој испорачува 374 КС, што е за 34 КС повеќе од актуелниот модел, и ќе биде во комбинација со осумстепен Steptronic Sport автоматски менувач. Моќноста ќе се испраќа до сите четири тркала благодарение на xDrive системот, иако од BMW велат дека овој систем е фокусиран на погонот на задните тркала. Оваа варијанта исто така ќе добие и M Sports диференцијал.

BMW Серија 2 Coupe

Низ целото Серија 2 Coupe семејство, сите модели ќе имаат унапредена торзиона крутост во однос на актуелниот модел, поради супериорната структура на каросеријата. Од BMW велат дека статичната торзиона цврстина е зголемена за околју 12 проценти во споредба со претходниот модел.

На фотографиите кои ги објави BMW е прикажан камуфлиран прототип кој не ни открива многу околу тоа како автомобилот ќе изгледа, но германскиот производител тврди дека дизајнот на екстериерот инкорпорира нов преден спојлер, сплитер, воздушни завеси, воздушни дефлектори и прекривка за задната осовина со која ќе се намали подигнувањето на предната оска за 50 проценти во однос на претходната генерација.

Поврзани вести

Back to top button