fbpx

Недостатокот на батерии го задоцни произвоството на Tesla Model 3

Производството на електричниот автомобил Model 3 на Тesla доцни поради неразвиениот глобален пазар на батерии

Model 3Со ова, тие се оправдуваат поради доцнењето на произвоството на автомобилите и нивната испораки на илјадници клиенти. Има огромен недостиг на батерии, бидејќи Tesla веќе ги презела речиси сите батерии на Panasonic и сега бара батерии од Samsung, LG и Murati. Сепак, овие три компании не можат да ги задоволат барањата. Ситуацијата е дека многу компании ќе ги испорачаат своите батерии во средината на 2018 година.

Model 3

Tesla Model 3

Според извештаите на интернет мрежата Reddit, од Tesla сепак конечно почнале да комуницираат со своите редовни клиенти во однос на испораката на нивните автомобили. Корисникот ry8 објавува на интернет мрежата дека добил потврда преку е- пошта дека неговиот Model 3 ќе биде доставен во понеделник, на 11- ти декември. Тој, исто така пишува дека бил издаден VIN (идентификациски број на возилото) 2079, што значи дека досега се склопени малку над 2.000 електрични автомобили од Model 3. Што е со нарачките кои требаа да бидат готови до крајот на годината?

Поврзани вести

Back to top button