Новиот Avalon треба да го компензира падот на продажбата во САД
Големиот седан на Toyota, моделот Avalon не се нуди во Европа, но е предводник на јапонскиот бренд во САД
Сега компанијата се подготвува за смена на генерацијата на моделот, чија продажба во последно време драстично паѓа. Премиерата на новината е закажана за салонот во Детроит.
Производителот покажа и тизер фотка на бизнис седанот, кој е позициониран како конкурент на Mercedes Benz E и BMW 5. Тизерот покажува само дел од LED оптиката, а и зголемен всмукувач на воздух на предниот браник. Генерално, се очекува Avalon да го следи дизајнот на Toyota Camry прикажан претходно оваа година.
Основата на моделот е новата Toyota New Global Architecture, која ја користат повеќето нови модели на јапонскиот производител, вклучувајки го и веќе споменатиот Camry. Се очекува бројот на мотори да остане ист како и сегашната генерација на моделот. Тоа се бензински V6 со зафатнина од 3.6 литри, чија моќност ќе се зголеми до над 270 КС, како и хибрид со 4- цилиндричен 2.5- литарски исто бензински мотор.
Сегашната генерација на Avalon се произведува од 2012 година и беше сериозно обновена во 2015 година. Само во минатата година продажбата на моделот се намали за повеќе од 30%, а новата генерација мора барем делумно да го компензира ова.