fbpx

Карлос Гон треба да им плати на Nissan и Mitsubishi 5 милиони евра

Поранешниот извршен директор на Renault-Nissan-Mitsubishi алијансата, Карлос Гон, ќе мора да исплати повеќе милионска отштета

Некогашниот прв човек на моќната Алијанса Renault-Nissan-Mitsubishi, Карлос Гон, кој е прогонуван поради финансиски измами, доби жесток удар откако холандскиот суд пресуди на негова штета во слуајот кој тој го поднесе против неговата поранешна компанија.

Овој случај е еден од многуте правни битки во кој Гон е вмешан и се однесува на Nissan-Mitsubishi BV, компанија регистрирана во Холандија, пренесува Reuters. Гон беше разрешен од функционерското место на овој ентитет во 2019 година и истакна дека компанијата ги прекршила холандските работнички права со таквиот потег.

Гон барал компензација во износ од 15 милиони евра поради испуштени плати и исплаќање на отпремнина. Надлежниот суд во Амстердам, сепак, застана на страната на производителите и му нареди на Гон да врати назад 5 милиони евра кои ги добил од претпријатието во периодот меѓу април и ноември 2018 година.

Судот пресуди дека Гон погрешно ја одредил својата плата и бонусите и членот на бордот кој го потпишал неговиот договор за вработување немал овластување за такво нешто.

Гон, кој некогаш беше вистинска ѕвезда во автомобилскиот свет, беше уапсен кон крајот на 2018 година во Јапонија под обвиненија дека не ја пријавувал вистинската палта и ги користел финансиите на компанијата за лична корист. Тој побегна во Либан во 2019 година, каде што се уште е во бегство.

Претставникот на Гон истакна дека ќе се жали на оваа пресуда. Nissan и Mitsubishi во меѓувреме истакнаа дека се задоволни од пресудата.

„Задоволни сме што судот ги отфрли неоснованите тврдења на Карлос Гон против NMBV и му нареди на господин Гон да ја врати значителната сума на пари што ја присвоил незаконски“, стои во соопштението на Nissan.

Поврзани вести

Back to top button